Титулата во Премиер лигата ќе се решава во последното коло, а во игра се Манчестер Сити и Ливерпул. „Граѓаните“ се во пол-позиција затоа што сами си одлучуваат за својата судбина.
Сити во одлучувачкиот натпревар ќе биде домаќин на Астон Вила додека Ливерпул ќе го пречека Вулверхемпотон и јасно е дека се големи фаворити за шампионскиот пехар. Навивачите на Ливерпул се надеваат на голема помош од својата играчка легенда Стивен Џерард и веруваат дека може да ја запре машинеријата на Пеп Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак во медиумите на Островот се појави една интересна теорија и тоа поради клазулата во договорот на Џек Грилиш кој минатото лето од Астон Вила премина во Сити.
Имено, во случај Сити да стане шампион на Англија Астон Вила ќе добие дополнителни 15 милиони фунти како бонус. Ќе потсетиме, овој 26-годишник минатото лето на „Итихад“ пристигна во трансфер вреден 105 милиони фунти.