Дома Фудбал Бабунски им порача на Бугарите: Македонија сака победа во Разград!

Бабунски им порача на Бугарите: Македонија сака победа во Разград!

Репрезентативецот на Македонија, Доријан Бабунски кој настапува за унгарскиот Дебрецин имаше интервју за бугарските медиуми во пресрет на натпреварот на 2. јуни од Лигата на Нации кои ќе го играат Бугарија и Македонија во Разград.

Бабунски е екс-фудбалер на Ботев Враца и затоа е интересен за медиумите во Бугарија. Пред овој натпревар Бабунски им порача на Бугарите дека Македонија сака победа во „балканското дерби“.

„Македонија е во добра форма, очекувам да победиме. Се надевам на добра атмосфера во тимот“, изјави Бабунски за бугарските медиуми.

Дресот на Ботев Враца Бабунски го носеше до минатата зима кога направи трансфер во Дебрецин каде што игра заедно со неговиот брат Давид. Натпреварот во Разград на 2. јуни помеѓу Бугарија и Македонија се игра од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед бара решение за одбраната: На радарот е Баси, но конкуренцијата е голема

Калвин Баси од Фулам е меѓу дефанзивците што ги следи Манчестер јунајтед. За нигерискиот р…