Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ маестрален, Далас го прегази Феникс за конференциско финале! 🎥

Дончиќ маестрален, Далас го прегази Феникс за конференциско финале! 🎥

Лука Дончиќ одигра уште еден фантастичен натпревар во кој постигна 35 поени и додаде уште десет скоак и шест асистенции. Со овој учинок Словенецот го предводеше Далас до убедлива победа против Феникс од 123:90 за пласман во конференциското финале.

Далас одржа вистинска лекција за Феникс затоа што на полувремето тимот на Дончиќ водеше со 30, а по три четвртини и со 42 поени предност. Феникс на крајот остана без финале иако во серијата имаше предност од 2:0 и од 3:2.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Дончиќ во првото полувреме постигна 27 поени, а толку имаше целиот тим на Феникс во тој период, Далас водеше со 57:27. Покрај Дончиќ се истакна Спенсер Динвиди со 30 поени и Џејлен Брансон со 24 поени. Девин Букер постигна само 11 поени кај Санси, Пол постигна 10, а Деандре Ејтон мечот го заврши со пет поени.

Во конференциското финале Далас ќе игра против Голден Стејт кој во шест натпревари ја доби серијата со Мемфис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…