Дома Трансфер зона Арсенал и Реал во битка за Белгиец од 47 милиони евра

Арсенал и Реал во битка за Белгиец од 47 милиони евра

Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал ова лето нема да штеди пари, па на листата со желби на тренерот Микел Артета се наоѓа 25-годишниот Јури Тилеманс од Лестер

Цената на Тилеманс е околу 47 милиони евра, а тој оваа сезона одигра 28 меча и постигна шест голови и три асистенции за „лисиците“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал е главен фаворит за неговиот потпис, но ќе има конкуренција од Реал Мадрид, па на „топчиите“ останува да се квалификуваат за Лигата на шампиони (ЛШ) ако сакаат да го добијат Белгиецот, кој игра за Лестер од 2019 година.

Тилеманс пристигна во екипата на позајмица до крајот на сезоната, по што беше откупен за 32 милиони фунти, а досега настапи на 154 меча за премиерлигашот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…