Барселона заврши изненадувачки трансфер и тоа во Бугарија.
Од наредната сезона дел од тимот од Каталонија ќе биде 16-годишниот Мартин Георгиев. Станува збор за талентиран дефанзивец од Славија Софија кој е роден 2005 година. Тој прво ќе се придружи на „Б“ тимот на Барселона, но ќе тренира и со првиот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За каков талент станува збор говори и податокот дека оваа сезона веќе собра седум настапи за првиот тим на Славија, а пет од нив беа во првенството. Георгиев на Барселона ќе се придружи во јуни и наскоро би требало да бидат познати и останатите детали од овој интересен трансфер.
Во Барселона еден бугарски фудбалер веќе остави голема трага во минатото, секако станува збор за Христо Стоичков и ако Георгиев биде барем приблжно успешен сигурно ќе има одлична кариера.
🚨[SPORT] | Barça have signed Slavia Sofia's 16 year old promising centre-back Martin Georgiev. The Bulgarian will join Barça B next season. #fcblive pic.twitter.com/UMoYD3Zhx3
— BarçaTimes (@BarcaTimes) May 4, 2022