Роберт Левандовски долги години е прв напаѓач на Баерн Минхен, но и нивни најконстатен играч.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Полјакот е важен дел од успесите и освојувањето на титули во изминатите години. Сегашниот договор на Левандовски со Баерн истекува во 2023 година и во овој момент се преговара за продолжување на соработка, засега работите не одат така лесно.




Левандовски во претходниот период се поврзуваше со Барселона, сепак во клубот се убедени дека тој ќе остане во Минхен и во наредната сезона. Во таква насока е и изјавата на почесниот претседател на клубот Ули Хенес.




„100% сум сигурен дека Левандовски ќе игра за Баерн и во наредната сезона. Тој има договор со нас и тоа е толку едноставно“, изјави Хенес.