Дома Фудбал Само два клуба од Ла Лига не му честитаа на Реал за освоената титула

Само два клуба од Ла Лига не му честитаа на Реал за освоената титула

Реал Мадрид во саботата ја освои својата 35. титула шампион на Шпанија.

Тимот на Карло Анчелоти доминираше во Ла Лига оваа сезона и на крајот заслужено стигна до титулата. Во среда Реал ќе се обиде да дојде и до финалето во Лигата на шампионите откако во првото полуфинале „кралевите“ изгубија од Манчестер Сити со 4:3 на гостински терен.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Марка“ времето до натпреварот го искористи да направи една кратка истрага за да види кој се му честиташе на Реал за шампионската титула. Така шпанскиот медиум дојде до заклучок дека Атлетико Мадрид и Осасуна се единствените два клуба од Ла Лига кои не им честитале на „кралевите“.

Исто така се истакнува дека Атлетико не му честитал ниту на Бетис за освојување на кралскиот куп неодамна, а на Реал му честиташе и Рајо Ваљекано, клуб на кој навивачите не го сакаат Реал. Барселона помеѓу првите ја испрати својата честитка до Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците убедени: Рашфорд веќе покажува дека ќе биде големо засилување за Барселона!

Маркус Рашфорд веќе навестува дека ќе биде значајно засилување во Барселона. Иако е учесни…