Tренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека не се сложува со констатацијата на неговиот колега од ПСЖ, Маурисио Покетино во врска со изјавата за Килијан Мбапе.
Аргентинецот вчера изјави дека тој и Мбапе 100% ќе останат во Париз и покрај бројните шпекулации. Во француските медиуми се пишуваше дека Покетино е веќе сменет и дека се чека само да се заврши сезоната која ПСЖ ќе ја заврши само со еден трофеј, во првенството на Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна многу се пишува и за иднината на Килијан Мбапе кој на големо се поврзува со Реал Мадрид. Шпанските медиуми тврдат дека се е завршено, додека Французите посакуваат да остане. Карло Анчелоти на денешната прес-конференција за медиумите зборуваше и на таа тема.
„Покетино кажал дека Мбапе останува 100%? Тренерите понекогаш не ја зборуваат вистината…“, кратко изјавил Анчелоти.