Дома Фудбал Бензема игра сезона каква што последен во Реал Мадрид имал само Роналдо!

Бензема игра сезона каква што последен во Реал Мадрид имал само Роналдо!

Карим Бензема и вечерва против Манчестер Сити покажа дека игра во фантастична форма.

Французинот со голот во првото полувреме успеа да намали на 2:1 и така да го врати Реал Мадрид во живот. За Бензема ова беше 40-ти гол сезонава.

Реал Мадрид уште од времето на Роналдо и неговите најдобри сезони нема фудбалер кој постигнал над 40 голови во една сезона. Роналдо пред Бензема беше последниот играч кој надминал 40 голови и тоа го направи во сезоната 2017/2018 кога стигна до 44 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…