Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со трет пресврт до финале на „Србија Опен“

Ѓоковиќ со трет пресврт до финале на „Србија Опен“

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финале на Србија Опен со победата од 2-1 во сетови против Карен Хачанов.

Србинот почна лошо и Хачанов направи брејк, по што ја одржуваше предноста до крајот и го доби сетот со 6-4.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И тоа беше единствен сет во кој Хачанов имаше шанса, додека во вториот српскиот тенисер направи серија од пет гемови по ред и стигна до 1-1. На отворањето на третиот сет Ѓоковиќ веднаш му го одзема сервисот на ривалот, а потоа во петтиот гем направи нов брејк и беше повеќе од јасно дека ќе ја добие победата.

Ѓоковиќ во финалето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Андреј Рубљев и Фабио Фоњини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе игра квалификации за Австралијан опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и оваа година ќе се обиде да направи исчекор на најго…