Дома Фудбал Англија Роналдо удри аутистично дете, па јавно се извини🎥

Роналдо удри аутистично дете, па јавно се извини🎥

Кристиано Роналдо направи голем скандал откако удри аутистично дете и му го скрши телефонот бесен од поразот на неговиот тим против Евертон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По завршувањето на мечот, Португалецот додека заминуваше кон соблекувалните виде момче со мобилен телефон како го снима, по што го удри 14-годишното дете по раката. Телефонот падна и се скрши, и воедно оставајќи го момчето со модринка.

Роналдо се извини преку Инстаграм и го покани детето да биде негов специјален гостин на натпревар на „Олд Трафорд“, но очигледно дека нема да помине така лесно.

„Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во тешки ситуации, како оваа сега. Сепак, секогаш мораме да покажуваме почит, трпение и да им даваме пример на младите кои ја сакаат оваа прекрасна игра. Би сакал да се извинам за овој испад и ако е можно, би сакал да го угостам навивачот да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј“, напиша Роналдо на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим четири месеци по заминувањето од Јунајтед најде нов ангажман?

Рубен Аморим е главниот кандидат за нов тренер на Бенфика, каде што треба да го наследи Жо…