Дома Фудбал Останато ФИФА се огласи: Нема да има фудбал од „100 минути“ во Катар

ФИФА се огласи: Нема да има фудбал од „100 минути“ во Катар

Пред неколку дена ФИФА објави дека има намера натпреварите од Мундијалот во Катар да траат 100 минути за да се надополни „мртвото“ време кое се губи во текот на натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Спроведените истражувања покажале дека во 90 минути има само нешто повеќе од 50 минути активна игра и наводно ФИФА барала решение. Сепак, набрзо по објавувањето на оваа вест стигна демант од Светската фудбалска организација.

„Откако се објави шпекулацијата, ФИФА сака да поврди дека сигурно нема да има промени на правилата на Светското првенство во Катар или пак на било кое друго натпреварување“, стои во дел од соопштението.

Инаку, во Катар ќе биде воведена технологија со која побрзо би се детектирал офсајдот, побрзо отколку што е случај со ВАР системот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…