Дома Останати Ракомет Oфицијално: Најдобриот голман во светот потпиша за Алборг!

Oфицијално: Најдобриот голман во светот потпиша за Алборг!

Најдобриот голман во светот, Никлас Ландин од летото 2023 година ќе го чува голот на Алборг. Данскиот голман имаше договор со Кил до 2025, но тој ќе биде прекинат и од наредната сезона ќе го гледаме на голот на Алборг.

Ландин има 33 години и во Кил е од 2015 година, со германскиот тим успеа да освои многу трофеи, а откако се беше официјализирано Ландин истакна задоволство од потписот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Поминав одлични години во Германија, но мислам дека најдобро за мене и семејството е враќањето во Данска. Освен тоа Алборг има големи амбиции и верувам дека направив одлична одлука. Импресиониран сум и едвај чекам да станам дел од големиот проект“, изјави Ландин.

Алборг за наредната сезона спрема страшен тим, во овој тим ќе играат Микел Хансен, Арон Палмарсон, Кристијан Бјорнсен и Јаспер Нилсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Oхрид го доби грчки противник во четвртфиналето на ЕХФ купот!

Ракометниот клуб Охрид се пласираше четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ откако ја елим…