Иако во јавноста на трансферот на Мбапе во Реал Мадрид се гледа како на завршена работа, сепак изгледа не е така.
На големо се најавува и коментира ваквиот трансфер на Французинот. Сепак, Мбапе сега порача дека се уште не донел одлука и постои можност да остане во ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се уште не сум донел одлука и тоа го знаат сите. Размислувам заедно со моето семејство. Има нови елементи и парамтери што треба да се разгледаат пред да ја донесам конечната одлука. Кога ќе одлучам, тогаш ќе соопштам. Не сакам да направам грешка во важен период од мојата кариера, сакам да ја донесам најдобрата одлука“.
„Дали постои можност да остана во ПСЖ? Да, секако дека е тоа е можно“, изјави Мбапе.
Ваквата изјава во овој случај можеби е изненадување ако се знае што се се пишуваше во претходниот период, а ова е првпат Мбапе да даде изјава во која најавува и можно останување. Можеби нешто и навистина се променило…