Aлександар Васоски се најде во фокусот на босанската јавност откако Македонија ја победи Италија во баражот за Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Васоски како тренер на Сараево беше гостин на „Ал Џазира Балкан“, а таму зборуваше за големата победа на Македонија и посочи дека за него ваквите победи повеќе не се изненадување.




„Македонија не е повеќе изненадување затоа што ја победи и Германјија. Уживав да ги гледам фудбалерите гинат за репрезентативниот дрес. Во цел натпревар одигравме квалитетно и на високо ниво, не отстапивме од својата замисла и на крајот дојде тој гол. Генерација која игра сега е долго време заедно. Прво како младинци се пласираа на ЕП во Полска, потоа стигнаа и до сениорското ЕП. Тука се Барди, Елмас, Николов…затоа овој успех не е случаен. Оваа Македонија веќе во континуитет игра добро“, изјави Васоски.




Ќе потсетиме Васоски по првиот дел од сезоната во македонското првенство ја напушти Академија Пандев и го презема Сараево.