Дома Фудбал Англија Аспиликуета: Во Челзи живееме во голема несигурност

Аспиликуета: Во Челзи живееме во голема несигурност

Капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета за шпанските медиуми зборуваше за актуелната ситуација во клубот.

Аспиликуета потврди дека во клубот има голема несигурност и не знае дали ќе има публика на дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Во Челзи живееме момент на несигурност. Несигурноста е голема, но ние фудбалерите треба да работиме. Влегуваме во решавачки дел од сезоната и оваа ситуација е надвор од наша контрола. Сега не е момент да зборуваме за мојата иднина“, изјави Шпанецот.

„Во ЛШ против Реал Мадрид ќе бидат многу тешки натпревари. Не знам дали ќе има публика на Стенфорд Бриџ, можно е да играме пред празни трибини. Ќе играме против еден од најсилните тимови во Европа, тоа го видовме на дуелот против ПСЖ“, заклучи Аспиликуета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо „удри“ по Арбелоа: Денес тренери кои ништо не направиле водат големи клубови

Поранешните шампиони на Европа, тимовите на Бенфика и Реал Мадрид, ќе се соочат наредната …