Дома Останати Тенис Кирјос: Ако некој мисли дека сум лош за спортот тогаш тој е луд

Кирјос: Ако некој мисли дека сум лош за спортот тогаш тој е луд

Често пати Ник Кирјос е мета на критики поради бројните контроверзии на терените, но и надвор од него. Сепак, Австралиецот по елиминацијата од Индијан Велс од Рафаел Надал зборуваше искрено и од срце.

Ретки се случаите кога Кирјос на ваков начин се обраќа до оние кои го критикуваат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека јас сум од оние кои му помгаат на спортот и му давам повеќе внимание, секој што мисли дека јас сум лош за спортот е луд. Тие луѓе немаат поим и не знаат што зборуваат. Немаат што друго да прават и шират негативна енергија на социјалните мрежи. „Хејтот“ е нешто што може да го погоди секого, долго време влиајеше и врз мене“.

„На Индијан Велс одиграв три навистина добри меча. Победив момче кое во изминатата година имаше 60 победи. Но, на крајот сите ќе паметат дека сум биле елиминиран од Рафа и сум го фрлил рекетот, токму таквите луѓе го уништуваат спортот“, изјави Австралиецот.

Кирјос зборуваше за ситуацијата во која својот бес го исфрли врз рекетот и го удри од земја, а во таа ситуација тој доби неправилен лет и малку фалеше да го погоди собирачот на топки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …