Дома Фудбал Останато Потег кој ги минува сите граници: Ова фудбал или бизнис е?!

Потег кој ги минува сите граници: Ова фудбал или бизнис е?!

Бразилскиот фудбалер, Нејмар ги собори сите можни рекорди во историјата на фудбалот што се однесува до трансферот кој е вреден неверојатни 222 милиони евра од Барселона во ПСЖ.

Францускиот клуб одлучи да ја активира откупната клаузула на бразилскиот играч кој ги прифати условите понудени од Парижаните, со што го го оствари најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Нејмар во ПСЖ годишно ќе заработува 30 милиони евра што е двојно повеќе од она што го заработуваше во Барселона. Бразилецот покажа дека ќе биде големо засилување бидејќи во своето деби постигна погодокот и запиша зад своето име една асистенција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, се чини дека ПСЖ не се задоволни со она што го шокираа фудбалскиот свет со трансферот на Нејмар, па одлучија уште ова лето да го соборат историскиот рекорд на трансфери. Имено, според пишувањата на француските медиуми ПСЖ е одлучен ова лето во своите редови да го донесе и Килијан Мбапе.

Овој 18-годишен фудбалер изненади изминатата сезона со своите партии во дресот на Монако, а како што се наведува ПСЖ е подготвен да плати неверојатни 230 милиони евра за францускиот напаѓач. Оваа вест ја шокираше јавноста, а извори блиски на клубот потврдија дека управата веќе го контактирала Мбапе.

Доколку се оствари и овој трансфер тогаш сигурно сите преодни рокови ја губат својата смисла. Мбапе сигурно е голем потенцијал, но веќе во својата 18. година да стане најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот е надвор од секоја граница на нормалното. Француските медиуми порачаа дека сега ФИФА конечно е на потег, па треба да се огласи по овие гласини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…