Дома Трансфер зона Арсенал и Ливерпул го сакаат шведскиот голгетер

Арсенал и Ливерпул го сакаат шведскиот голгетер

Новата шведска ѕвезда Александер Исак блеска во дресот на Реал Сосиедад и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Исак важи за еден од најголемите светски таленти и експертите му предвидуваат богата кариера.

Најсилен интерес за 22-годишниот голгетер покажуваат Арсенал и Ливерпул, кои ќе се борат за неговиот потпис на лето.

Арсенал е во потрага по голгетер по заминувањето на Обамејанг и прва трансфер цел на лето ќе биде токму Исак.

Клоп исто така е голем симпатизер на играта на Исак и верува дека би бил идеален наследник на Фирмињо, кој може да го напушти „Енфилд“ на лето.

Исак има откупна клаузула од 70 милиони евра, но Реал Сосиедад е спремен да го пушти за понуда од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…