Пред почетокот на новата сезона во Формула 1 Луис Хамилтон зборуваше за неговиот однос ос Макс Верстапен.
Минатата година двајцата возачи водеа жестока битка за титулата во Ф1, а на крајот се беше решено буквално во последниот круг на последната трка во Абу Даби. Во текот на сезоната имаше обвинувања од едната и другата страна, сега пред стартот на сезоната Хамилтон се обиде да ја „смири топката“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со Макс функционираме нормално кога ќе се сретнеме. Постои почит меѓу двајцата и секогаш се поздравуваме. Наша заедничка љубов е Формула 1 и кога ќе излеземе на патеката ние сме борци, на патеката нема пријателство“, изјави Хамилтон.
Сезоната во Формула 1 започнува викендов со трката за големата награда на Бахреин.