Дома Топ вести Барселона го договори првото летно засилување

Барселона го договори првото летно засилување

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона го договорила првото летно засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одбраната на тимот е најслаба алка во моментов и поради тоа Лапорта не чекаше долго, па веќе договори засилување од Челзи, а станува збор за Андреас Кристенсен.

Неговиот договор истекува на лето и во неколку наврати ја одби понудата на Челзи, па ќе замине како слободен агент.

25-годишниот Данец кариерата ќе ја продолжи на „Камп Ноу“ и веќе постигнал договор за 5-годишна соработка со Барселона.

Каталонски „Спорт“, објави дека Кристенсен успешно ги минал лекарските прегледи, ги прифатил условите што му ги понудил Лапорта и дека наскоро ќе го стави својот потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…