Српскиот интернационалец Никола Јокиќ е на прагот да потпише петгодишен договор со Денвер Нагетс, според кој треба да заработи 241 милион долари!
Јокиќ ќе стане најплатен во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот и така ќе го надмине Јанис Адетокумпо, кој има договор вреден 228,2 милиони долари за пет години, а на трето место е Расел Вестбрук со 206,79 милиони долари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Србинот ќе заработува 241 милион долари за пет години, или 48,2 милиони по сезона.
„Новиот договор треба да се потпише летово, а тоа ќе биде продолжување според максималната сума, која Јокиќ ја заслужува со неговите настапи“, откри неговиот агент Ражњатовиќ.
The Nikola Jokic super max extension in 2022 is projected to be the largest contract in NBA history.
— Bobby Marks (@BobbyMarks42) June 8, 2021
*2023-24: $42.6M
2024-25: $44.9M
2025-26: $48.2M
2026-27: $51.5M
2027-28: $54.8M
Total of $241M
*Based on a salary cap of $121.5M