Дома Фудбал Франција Мбапе го стигна Ибрахимовиќ, но Кавани останува недостижен?

Мбапе го стигна Ибрахимовиќ, но Кавани останува недостижен?

ПСЖ вчера славеше со 3-1 против Сент Етјен и направи чекор кон титулата, а два погодоци за гигантот постигна Килијан Мбапе и стигна до 156 голови во дресот на ПСЖ.

Мбапе има колку и Златан Ибрахимовиќ, па сега е израмнет на листата на најдобри стрелци на ПСЖ во историјата на второто место.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Французинот најверојатно ќе остане на втората позиција, затоа што на лето треба да се пресели во Реал Мадрид како слободен фудбалер. Нема сомнеж дека за една или две сезони би се искачил на првото место, кое го држи Едисон Кавани со 200 голови.

Интересно е тоа што Нејмар и Ди Марија имаат по 91 постигнат гол и го делат петтото место на вечната листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

И тој најде некого да критикува – Тен Хаг „удри“ по Саутгејт!

На „Велтинс“ Арената во Гелзенкирхен во првото коло во групата „Ц“ од Европското првенство…