Дома Фудбал Анчелоти: Јас сум првиот критичар на Реал, не боли поразот од ПСЖ

Анчелоти: Јас сум првиот критичар на Реал, не боли поразот од ПСЖ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на пресконференцијата пред утрешниот меч со Алавеш неизбежно зборуваше за поразот од ПСЖ во Лигата на шампиони.

Реал загуби во првиот осминафинален меч во Париз со 1:0, а Анчелоти претрпе големи критики поради играта на „кралевите“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Недостатокот од голови е проблем, но се враќа напаѓачот кој постигнува доста голови и асистира. Имаме проблем, но Бензема ќе ни помогне да го решиме. Кога ја имаме топката треба да играме вертикано и тоа ни недостасува. Мбапе ни создаде многу проблеми и имаме три недели да се спремиме за следниот меч“, изјави Анчелоти.

„Мислам дека против ПСЖ игравме лошо, имавме лоша вечер. Зборував со претседателот, сите не боли тој пораз. Јас сум првиот критичар на тимот и ја преземам одговорноста. Некои од критиките се оправдани, но некои се глупави. Не се грижам, бидејќи знам колку квалитетни фудбалери имам“, додаде Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал во директни преговори со Челси за една од ѕвездите

Лондонските ривали Арсенал и Челси влегуваат во директни преговори за трансферот на англис…