Преговорите помеѓу челниците на Милан и Франк Кеси се во застој и најверојатно играчот ќе си замине на лето како слободен агент.




Договорот на Кеси со Милан истекува на крајот на сезоната и двете страни долго време не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, неколку пати ја зголемувал понудата, на крајот решил да се откаже, откако понудил 6,5 милиони евра по сезона, а агентот побарал 9 милиони евра.




Малдини одби да му даде толку пари на Кеси, а со тој потег ја повтори практиката која ја имаше Милан и со Џанлуиџи Донарума, дека клубот нема да дозволи да биде уценуван од ниту еден фудбалер.




Интересен начинот на кој Малдини ги прекинал преговорите со Кеси. Тој му рекол дека неговото име е Франк и дека почитува, но не е Франк Рајкард.
Милан веќе почна преговори со Ренато Санчез од Лил, кој треба да пристигне на „Сан Сиро“ како замена за Кеси.