Дома Фудбал Нејмар го спореди Верати со Чави и Иниеста

Нејмар го спореди Верати со Чави и Иниеста

Maрко Верати беше еден од најдобрите на теренот во вчерашната победа на ПСЖ против Реал во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

ПСЖ победи благодарение на голот Мбапе во самиот финиш од натпреварот.

Бразилецот Нејмар испрати големи пофалби до италијанскиот играч за врска кој на натпреварот имаше дури 92% успешни пасови.

„Знаев дека тој е фантастичен играч, но очигледно не бев свесен колку е спектакларен. Тој е гениј, еден од најдобрите играчи за врска со кои сум играл заедно со Чави и Иниеста“, изјави Нејмар.

Верати во ПСЖ е од 2012 година кога пристигна од Пескара. Со францускиот клуб освои 27 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одложени 24 натпревари од Купот на кралот по трагедијата кај Толедо

Шпанската фудбалска федерација ги одложи сите 24 средби закажани за среда навечер. Одлукат…