Дома Фудбал Германија Што се случува со Баерн? Бохум им даде четири гола за едно полувреме!

Што се случува со Баерн? Бохум им даде четири гола за едно полувреме!

Неверојатно прво полувреме одигра тимот на Бохум и му даде дури четири гола на Баерн.

Не изгледаше дека ќе гледаме нешто неочекувано на стартот. Левандовски го отвори резултатот после само девет минути игра. Бохум до изедначување стигна во 14-тата преку Антви-Аџе.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Резултатот 1:1 беше актуелен се до 38-та минута. Од тој момент до крајот на првиот дел Бохум постигна уште три гола. Прво Локадиа зголеми на 2:1, две минути подоцна Гамбоа погодува за 3:1, а во 44-минута Холтман го постигнува четвртиот гол.

Не паметиме кога последен пат Баерн примил четири гола за едно полувреме, посебно во германското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Вардар ги започна подоготовките во кои ќе одигра пет натпревари со силни противници

Од редовите на ФК Вардар денеска соопштија дека се започнати подготовките за новата сезона…