Дома Фудбал Останато ФИФА добила 17 милиони апликации за влезници за Мундијалот во Катар

ФИФА добила 17 милиони апликации за влезници за Мундијалот во Катар

Кога Катар ја доби организацијата на Светското првенство кое ќе се одржи он крајот на оваа година се појавија многу контроверзии, но интерес за овој Мундијал и тоа како има.

Имено, ФИФА објави дека добила дури 17 милиони апликации за лотаријата за влезниците во фудбалскиот спектакл. Катар организацијата ја доби во 2010 година, потоа во последните години земјата беше на удар поради експлатацијата на работната сила и непочитувањето на човековите прави.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Меѓутоа и покрај се ФИФА доби 17 милиони аплкикации за влезници, во првите два часа имаше само два милиони. На 8. март ФИФА ќе ги извести среќните добитници кои ќе можат да ги купат влезниците.

Најмногу апликации има за финалето дури 1.8 милиони. Капацитетот на стадионот „Лусаил“ каде што ќе се игра мундијалското финале е 80.000, но треба да се напомене дека нема сите да бидат ставени на продажба.

Аргентина, САД, Бразил, Англија, Франција, Индија, Мексико, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати…се земјите од каде што има најмногу испратени апликации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА го суспендира Самуел Ето

Поранешниот камерунски напаѓач, Самуел Ето е суспендиран на шест месеци од страна на ФИФА.…