Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ ја напушта Верона и се враќа во хрватскиот фудбал во дресот на Хајдук.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот против Јувентус вчера во кој Калиниќ влезе од клупата за резерви беше последен во дресот на италијанскиот клуб.
„Хајдук со задоволство потврдува дека нашиот прв тим во продолжение од сезоната ќе биде посилен за Никола Калиниќ кој се враќа на „Пољуд“ после 13 години. Калиниќ го ибра дресот со број 9, пристигнува на 34 години како слободен играч откако го раскина договорот со Верона“, објави сплитскиот клуб.
Калиниќ во Верона соработуваше со Игор Тудор кој е поранешен тренер на Хајдук.