Најдобриот тенисер на светот, Енди Мареј потврди дека поради повреда на колкот нема да може да учествува на претстојниот мастерс во Синсинати.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Британецот е надвор од теренот уште од Вимблдон, а доколку Рафаел Надал во Монтреал стигне барем до полуфиналето, Енди ќе го загуби првото место на АТП листата.
„За жал, нема да играм во Синсинати бидејќи морам да продолжам со рехабилитацијата. Секогаш сум уживал таму кај што сум играл и се радувам на кам бек следната година. Јас упорно продолжувам да се подготвувам за Ју ес Опен“, истакна двократниот освојувач на мастерсот во Синсинати.