Алваро Мората е најновиот напаѓач кој Арсенал ќе се обиде да го донесе до крајот на преодниот рок.




Според „Дејли Мејл“, помошникот на Артета, Мигел Молина лично му се јавил на напаѓачот на Јувентус, на кого му пропадна трансферот во Барселона.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
После доаѓањето на Влаховиќ, Јувентус е спремен да го пушти, но главниот збор ќе го има Атлетико Мадрид кој е сопственик на правата на Мората.




Арсенал сака да го донесе Мората на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп, па се чека одговор од Атлетико, но нема многу време до затворањето на преодниот рок.