Дома Топ вести Обамејанг пристигна во Барселона🎥

Обамејанг пристигна во Барселона🎥

Бившиот капитен на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг пристигна во Барселона и чека до крајот на денот да го комплетира трансферот на „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал повеќе не смета на него, па му порача дека слободно може да си бара нов клуб и е спремен да го пушти на позајмица.

Барселона веќе постигна комплетен договор со Обамејанг, но за да го регистрира чека прво да се ослободи од Осман Дембеле.

Обамејанг денес пристигна во Барселона и чека разврска, па се надева дека ќе успее да го комплетира трансферот на позајмица до крајот на сезоната.

Доколку Дембеле остане на „Камп Ноу“, тогаш Обамејанг ќе треба да прифати значително намалување на платата за да може Барселона да го регистрира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…