Поранешниот англиски судија, Марк Клатенбург ги коментираше спорните ситуации од натпреварот помеѓу Кристал Палас и Ливерпул. Според Клатенбург Кристал Палас бил оштетен за два гола на оваа средба.
Ливерпул славеше со 1:3, а според Клатенбург судиите требало да го поништат голот на Окслејд-Чемберлејн и да не го досудат пеналот во финишот од мечот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Судијата Кевин Френд требаше да ја задржи почетната одлука. Жота веќе беше без топка, одеше напред само за да изнуди судир со г олманот. Не ми е јасно зошто ВАР реагираше на оваа ситуција. Ова не е класична грешка на судијатан а теренот затоа што тој во прв момент процени дека нема пенал. Штета што не ја задржа одлуката“.
„Исто така во Палас може да бидат лути затоа што вториот гол на Ливерпул не беше поништен. Кога Робертсон нафрли Фирмино беше во офсајд и имаше влијание на играта затоа што противничкиот играч во спротивно лесно ќе исфрлеше“, изјави Клатенбург.