Дома Фудбал Италија Аталанта ги дели невакцинираните од вакцинираните играчи

Аталанта ги дели невакцинираните од вакцинираните играчи

Италијанската Влада наскоро ќе донесе одлука да се вакцинираат сите играчи во Италија и тоа ќе биде обврска. Додека не се донесе таа одлука Аталанта преземе мерки во своите редови.

Според пишувањето на италијанските медиуми клубот од Бергамо одлучил играчите кои не се вакцинирани да патуваат одвоено од тимот, но и да бидат сместени во друг хотел. Се очекуваше Владата во Италија на 10. јануари да донесе закон за обврска за вакцинација за сите играчи, но тоа е одложено, меѓутоа се очекува да се реши брзо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во октомври 2021 година објавено беше дека 98% од фудбалерите во Серија А ќе бидат вакцинирани.

Ќе потсетиме, француската влада неодамна потврди дека во земјата можат да влезат само вакцинирани спортисти, па ќе видиме како се ќе се решава со натпреварите во Лигата на шампионите каде што има екипи кои имаат невакцинирани играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити пронајде замена за Гундоган: Гвардиола го сака еден од најдобрите фудбалери за врска

Манчестер Сити најде замена за германскиот фудбалерот од средниот ред Илкај Гундоган кој и…