Управата на Јувентус е спремна да се откаже од услугите на бразилскиот играч за врска Артур Мело доколку пронајде адекватна замена.
Откако пристигна од Барселона во размена со Миралем Пјаниќ Артур не покажа ништо. Артур не е во прв план кај Алегри, како и Арон Рамзи, шанса пред нив добиваат Адриен Рабио, Родриго Бентакур, Вестон Мекени и Мануел Локатели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал е заинтересиран за него, а Јувентус наводно се распрашувал и за Томас Парти, па Артур би можел да биде искористен во нова размена. Најавите се дека Јувентус ќе го пушти Артур само ако најде адекватна замена.
Сезонава Артур одигра 315 минути во Серија А и веројатно и него би му одговарала промена на средината.