Tимот на Њукасл е заинтересиран за напаѓачот на Аталанта, Дуван Запата, пренесува „Дејли Рекорд“.
Крис Вуд пристигна од Барнли за 25 милиони фунти, но Њукасл сака уште да ја засилува офанзивата, па затоа се распрашува за напаѓачот кој во изминатите години е најдобар стрелец на Аталанта, Дуван Запата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На 30-годишникот договорот му истекува 2023 година, но тоа не ги спречува богатите сопственици на Њукасл на адреса на клубот Бергамо да испратат понуда од 30 милиони фунти.
Меѓутоа, наводно Аталанта бара 15 милиони повеќе, сепак се потенцира дека се отворени за преговори со англискиот клуб. Њукасл е под притисок да го задржи премиерлигашкиот статус, а во овој момент ги има најбогатите сопственици во светот. Евентуална преселба во понизок ранг би ги успорила во нивните амбиции.