Дома Фудбал Италија Дали Наполи ги провоцираше Интер и Аталанта?

Дали Наполи ги провоцираше Интер и Аталанта?

Во дербито на 22. коло во Серија А, Аталанта и Интер вчера ремизираа 0:0.

После мечот на друштвените мрежи се појави честитка од Наполи до вчерашните ривали.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Им честитаме на Аталанта и Интер на возбудливиот и напнат натпревар“, стои на официјалниот профил на Наполи.

Ова предизвика многу коментари, некои сметаа дека тимот од југот на Италија ги „провоцира“ Аталанта и Интер со оглед на тоа дека вчерашното реми оди во прилог на Наполи. Од друга страна дел сметаа дека станува збор за искрена честитка.

Аталанта е третопласирана со бод помалку од Наполи и сега од лидерот Интер заостанува седум бодови. Наполи својот натпревар го игра вечерва против Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Австрискиот клуб објави дека починал бивш репрезентативец на БиХ и предизвика метеж, а Хрватите тврдеа дека е жив

Австрискиот нисколигаш УФЦ Хрватска Салзбург предизвика вистинска мешаница синоќа со објав…