Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Порто, Луис Дијаз, пренесуваат медиумите на Островот.




Колумбискиот репрезентативец игра одлично во Порто и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Клоп е убеден дека Дијаз може да биде достојна замена на Мохамед Салах и Садио Мане, кои моментално се на Африканскиот Куп на нации. Поради тоа „црвените“ го сакаат Колумбиецот уште во јануари.




Сепак, Порто нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и за неговата слобода бара 60 милиони евра, а Ливерпул се надева дека ќе ја намали таа цена преку преговори.