Астон Вила постигна договор со агентот на Филипе Кутињо, пренесуваат каталонските медиуми.
Барселона сака да се ослободи од Бразилецот и неговата висока плата, па е спремна да го пушти и на позајмица во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кутињо, кој се покажа како едно од најголемите промашувања на Барселона, се поврзуваше со неколку клубови од Премиер лигата, пред се Арсенал и Евертон.
Астон Вила во последен момент се вклучи во трката, а главна улога за Кутињо да го избере тој клуб е Стивен Џерард, кој во моментов е тренер на Астон Вила.
Џерард одлично го познава Кутињо и му ветил дека ќе има важна улога во неговиот тим, па се очекува трансферот да биде комплетиран во наредните денови.
🚨🔥 #Coutinho from #Barcelona to #AstonVilla is almost a done deal.
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) January 5, 2022
⏳🤝 Details on loan conditions and salary are being discussed. Decisive hours. 🐓⚽ #AVFC #FCB #Transfers #Calciomercato