Дома Останати Тенис Премиерот на Австралија: Ѓоковиќ со првиот лет може да биде вратен назад!

Премиерот на Австралија: Ѓоковиќ со првиот лет може да биде вратен назад!

Иако Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе учествува на Австралија Опен, според последните најави Србинот може да има проблеми при влезот во земјата.

Ѓоковиќ соопшти дека добил медицински „исклучок“, а тоа предизвика силни реакции во јавноста, критикуваше и чичкото на Рафаел Надал, Тони (тука). Сега премиерот на Австралија, Скот Морисон порача дека ако Ѓоковиќ нема прифатлив доказ дека не смее да се вакцинира може веднаш да биде вратен назад.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Јас имам став и тој не се менува – секој што сака да влезе во Австралија мора да ги почитува нашите правила и услови. Кога Ѓоковиќ ќе пристигне ако не е вакциниран треба да прикаже прифатлив доказ дека не смее да се вакцинира од медицински причини. Ќе почекаме да се појави, ако неговиот доказ не е доволен со следниот лет ќе биде вратен назад. Нема да правиме исклучоци, ниту за него, ниту за некој друг“, порача Морисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…