Дома Останати Тенис „Шест милиони луѓе го загубија животот од овој вирус, се надевам Ѓоковиќ има објаснување“

„Шест милиони луѓе го загубија животот од овој вирус, се надевам Ѓоковиќ има објаснување“

Одлуката на раководството на Австралија Опен да му дозволи настап на Ѓоковиќ на претстојниот гренслем-турнир иако не е вакциниран со објаснување дека заслужил „медицински исклучок“ предизвика реакции во јавноста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Помеѓу оние кои ја критикуваа ваквата одлука е и чичкото на Рафаел Надал, Тони Надал. За него Ѓоковиќ се однесува несериозно.

„Морам да признаам дека не ми се допадна таа објава „медицински исклучок“. Мислев дека Новак или ќе се откаже или ќе се вакцинира. Скоро шест милиони луѓе го загубија животот од овој проклет вирус. Би сакал Ѓоковиќ да знае колку е сериозна ситуацијата и да излезе да даде објаснување“, изјави Тони Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ждреб за Вимблдон: Еве кога може да се сретнат Ѓоковиќ и Синер.

Новак Ѓоковиќ на отварањето на Вимблдон ќе игра со кинескиот тенисер Ву Жибинг, додека Јан…