Дома Топ вести Лапорта има договор со Раиола за Халанд

Лапорта има договор со Раиола за Халанд

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и покрај економската криза во која се наоѓа клубот, веќе им соопштил на своите соработници дека Халанд пристигнува на лето на „Ноу Камп“.

Тој е оптимист за реализација на трансферот бидејќи веќе има договор со агентот Мино Раиола, тврдат шпанските медиуми.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Лапорта имаше средба со Раиола на почетокот на декември и наводно постигнал начелна согласност за трансферот. Сега ќе треба да обезбеди над 100 милиони евра  за трансфер сумата, провизијата за Раиола и провизијата за таткото на играчот.

Во Барселона, Халанд би добил гаранција дека ќе биде лидер на проектот, без други поголеми ѕвезди од него.

Реал Мадрид исто така е сериозно заинтересиран за Норвежанецот, па Лапорта ќе направи се за да го „укарде“ играчот пред носот на големиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…