Барселона нема лесно да се ослободи од Самуел Умтити.
Францускиот дефанзивец на „Ноу Камп“ пристигна уште летото 2016 година од Лион за 25 милиони евра и до сегао дигра 133 натпревари за каталонскиот клуб и во нив постигна два гола и забележа една асистенција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, од поодамна го изгуби местото помеѓу стартерите, а не добива многу шанса и од клупата. Сезонава одигра само 90 минути против Осасуна во шпанската Примера и тоа му е единствениот настап.
И покрај тоа на Умтити кој има 28 гогдина не му паѓа на памет да си замина. Причината е затоа што заработува 11 милионби евра годишно. Светскиот шампион од 2018 година според „Трансфермаркт“ тогаш вредеше 70 милиони евра, додека денес вреди два милиони евра.
Редовно ги одбива Умтити понудите кои пристигнуваат, седи на клупата и си ги добива парите од дговорот. Неговиот договор со Барселона важи до летото 2023 година.