Арсенал е силно заинтересиран за плејмејкерот на Вулверхемптон Рубен Невеш.




Португалецот е голема желба на тренерот Артета, кој во него гледа идеално засилување за средниот ред.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, а Арсенал веќе ги започна преговорите.




Интерес за Португалецот покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Јувентус, но Арсенал е во предност во моментов бидејќи подолго време преговара со неговиот агент Жорге Мендеш.




Сепак, „волците“ не сакаат да го пуштат играчот на средина од сезоната, па многу поверојатно е трансферот да се реализира на лето.