Дома Топ вести Барселона се вклучи во трката за Влаховиќ

Барселона се вклучи во трката за Влаховиќ

Барселона е последниот клуб кој се вклучи во битката за потписот на Душан Влаховиќ, пренесуваат шпанските медиуми.

Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година, но откако одби да го продолжи договорот, јасно е дека ќе биде продаден.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


21-годишниот напаѓач моментално е прв стрелец во Серија А и е на мета на многу европски гиганти, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Барселона.

Најголема желба на Каталонците е Ерлинг Халанд и ќе се обидат да го „украдат“ Норвежанецот пред носот на Реал Мадрид, но тоа сигурно ќе биде многу тешко.

Поради тоа Барселона има алтернатива, а тоа е Влаховиќ, чиј потпис може да го добие за 70 милиони евра на лето.

Италијанските медиуми пишуваат дека Фиорентина повеќе би сакала да го продаде Влаховиќ во странство отколку во Серија А, а Србинот сигурно нема да може да и каже не на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…