Дома Топ вести Преговорите пропаднаа: Дембеле си оди од Барса за џабе

Преговорите пропаднаа: Дембеле си оди од Барса за џабе

Иако се чинеше дека двете страни се блиску до договор, сепак преговорите помеѓу Барселона и Осман Дембеле за продолжување на соработката дефинитивно пропаднаа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Дембеле истекува на крајот на сезоната, а двете страни долго време водеа преговори за продолжување на соработката.

Последниот состанок помеѓу агентите и раководството на клубот завршил без договор и не во пријателска атмосфера, пренесуваат каталонските медиуми.

Менаџерите на фудбалерот побарале плата од 40 милиони евра бруто од сезона плус 20 милиони награда за потпис на договорот за новата соработка, па веќе јасно е дека Французинот ќе си замине.

Дембеле пристигна на Камп Ноу во 2017 година за 135 милини евра, требаше да биде замена за Нејмар, но не ги оправда во целост очекувањата, а сега ќе замине без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…