Австрискиот млад напаѓач Јусуф Демир важи за голем талент, но во јануари ќе ја напушти Барселона.
Причината за тоа се крие во интересната клаузула која ја има во неговиот договор. Како што е познато 18-годишниот Демир е сопственост на Рапид Виена и игра на „Камп Ноу“ како позајмен фудбалер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во договорот помеѓу двата клуба има клаузула според која Каталонците се задолжени да го откупат талентот за 10 милиони евра, доколку Дамир одигра 10 меча за Барселона.
Во моментов тинејџерот има одиграно 9 меча во сите натпреварувања за Барса, но поради финансиската ситуација клубот одлучи да не го откупува и да се раздели во јануари.
За него силен интерес покажуваат неколку клубови од Бундеслигата, пред се Борусија Дортмунд и Лајпциг, кои ја започнаа битката за неговиот потпис.
Yusuf Demir a la cote en Bundesliga ! 🇩🇪
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) December 28, 2021
Son agent aurait déjà eu plusieurs échanges avec le Borussia Dortmund, le Bayer Leverkusen, Leipzig ou encore Eintracht Frankfurt !
(🗞 @Ekremkonur) pic.twitter.com/jh8VbUPvCM