Дома Топ вести Премиерлигашко дерби за потписот на Фабиан Руиз

Премиерлигашко дерби за потписот на Фабиан Руиз

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

Англиските гиганти подолго време го следат Фабиан Руиз и сега се спремни да преземат конкретни чекори за негов ангажман.

Јунајтед бара наследник на Погба, кој најверојатно ќе замине од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната и верува дека Шпанецот би бил идеално решение.

Договорот на Шпанецот со Наполи истекува во јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Манчестер Јунајтед и Ливерпул се спремни да понудат 45 милиони евра и веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…