Дома Топ вести Милан започна преговори за дефанзивецот на ПСЖ

Милан започна преговори за дефанзивецот на ПСЖ

Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец, бидејќи Кјаер поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неколку имиња се поврзуваат со трансфер на „Сан Сиро“, но сепак најконкретен интерес „росонерите“ покажуваат за дефанзивецот на ПСЖ, Абду Диало.

25-годишниот Диало е дефанзивец, но може да игра и како лев бек, па токму поради тоа е прв избор на „росонерите“. Малдини веќе започнал преговори со ПСЖ, кој е спремен да го продаде, но за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Милан е спремен да плати 20 милиони евра, па се очекува преговорите да продолжат после Нова Година, бидејќи самиот фудбалер притиска за трансфер на Сан Сиро.

Диало пристигна во ПСЖ во 2019 година од Борусија Дортмунд за 32 милиони евра, а оваа сезона има 14 настапи за „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…