Дома Трансфер зона Паника во Интер: Брозовиќ доби понуда која не се одбива

Паника во Интер: Брозовиќ доби понуда која не се одбива

Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува на крајот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 7 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.

Двете страни беа блиску до договор бидејќи последната понуда на Интер беше 6 милиони евра, но сега на адреса на Хрватот пристигна многу побогата понуда.

Имено, Њукасл е силно заинтересиран за Брозовиќ и му нуди 4-годишен договор и плата од 10 милиони евра по сезона.

Сега останува да видиме дали Брозовиќ ќе се согласи да игра за клуб со помали амбиции или ќе прифати помала плата во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…